Змија се пикнала во креветот на кавадарчанка и ја каснала пред спиење

by fokus

Змија се пикнала во креветот на жителка на Кавадарци и ја каснала  пред спиење, додека 64 годишен маж од кавадаречко село исто така побарал медицинска помош поради змиско каснување. Првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот.

– Змијата всушност им влегла дома најверојатно поради тоа што жената живее на приземје, па се сокрила во ќебето на креветот. Се случило кога домаќинката решила да си легне и да спие. Тогаш дошло до  каснувањето, жената навистина многу се исплашила кога ја запалила струјата и  ја видела змијата. Додека да ги викне најблиските, змијата избегала. Сега никој не знае каде е. Кавадарчанката веднаш дојде кај нас во Итната медицинска помош. Доби серум против змиски отров, имаше типично змиско каснување со два заба. Според неа, најверојатно се работи за поскок, раскажа докторот.

Поврзани новости