Злоупотреби во издавањето безбедносни сертификати или лажни обвинувања за директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески. Опозицијата обвинува дека се земало мито за праќање луѓе во мисија во Брисел и за издавање безбедносни сертификати, но овие обвинувања ги засенуваат фактите дека се води постапка во обвинителството, но по кривична пријава на лице што не успеало да добие сертификат, постапка што е строго контролирана од Брисел
Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ:
Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески земал пари, односно мито за издавање безбедносни сертификати.
Против него имало покренато обвинение за земање пари за испраќање луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање мито за издавање безбедносни сертификати.
Ваков статус објави пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на својот фејсбук-профил.
Од обвинителството за „Фокус“ потврдија дека до нив е поднесена кривична пријава и дека го повикале Славески.
Но, од она што може да се сфати од одговорот, Славески е повикан како сведок во постапката, за да се утврди веродостојноста на кривична пријава што е поднесена.
За директорот овие обвинувања се невистинити, лажни и малициозни.
– Изнесени се единствено со цел нарушување на мојот углед и чест, како и замајување на јавноста со лажни информации, најверојатно во обид за постигнување некакви политички поени кај Вашите гласачи и/или постигнување некакви цели во Вашите партиски кругови, вели Славески.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК