518
Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во Фокус. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот Фокус со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче вели Зајкова“.
„Фокус“ во текот на вчерашниот ден објави изјава од претседателката Зајкова, која тврди дека е горда што е Македонка и дека никој не може да ја менува свеста на генерациите.
Порталот „Фокус“ никогаш не објавил информација со сексистичка содржина како што се врти на Твитер, туку единствено беше само пренесена изјава на лидерката на ЛДП, која ја даде во текот на вчерашниот ден.