Димитар Ѓорѓиев, шампионот во кик бокс познат помеѓу своите сограѓани во Неготино како Златното момче, поради многуте освоени титули, стана светски првак. На Светското првенство во кик бокс кое се одржа во Џесоло Лидо во Италија, го освои златото во борбата против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина.
Ова е четврто злато на Светско првенство за Димитар. Пред три години, кога на Европското првенство за сениори во Братислава, Словачка, стана европски шампион, за ,,Фокус” изјави дека освоените титули ги посветува на семејството, но и на сите оние кои стојат покрај него во текот на целата негова кариера.
Тогаш го отвори Кик бокс клубот Работнички-Адора, лоциран во Скопје, за кој порача дека главна цел му е создавање на шампиони и формирање на квалитетен тим за настапи на меѓународни турнири.
Вики Клинчарова