„Златните кокошки“ на Бафет годинава ќе му дадат две милијарди долари само од дивиденди

by Fokus

Американскиот милијардер Ворен Бафет годинава ќе оствари приход од две милијарди долари само по основ на дивиденди од акции во три компании.

Станува збор за акциите на Coca-Cola, American Express и Apple. Од котираните компании, конгломератот на Бафет, Беркшир Хатавеј, е акционер со најдолг стаж во Кока-Кола, кој треба да и обезбеди приход од 736 милиони долари оваа година.

Coca-Cola е глобален бренд со бизнис модел кој одржува раст на продажбата, заработката и дивидендите. Компанијата лани распределила 72 отсто од заработката преку дивиденда.

Беркшир Хатавеј е нешто пократок акционер во Американ Експрес, кој на Бафет треба да му обезбеди приход од 364 милиони долари оваа година. American Express има слични предности како и Coca-Cola, а една од нив е тоа што е силен бренд со голема база на клиенти.

Споменатиот конгломерат е акционер во Apple од 2016 година, а американскиот милијардер оваа година би требало да има приход од 878 милиони долари од Apple. Уделот на Apple на светскиот пазар на паметни телефони е 20 отсто, додека Apple е тој што генерира 80 отсто од вкупниот профит на индустријата, пишува порталот Yahoo Finance.

Поврзани новости