141
Пред четири дена во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа 27-то издание на популарната забавна манифестција „Златна бубамара на популарноста“ каде беа доделени награди во 25 категории.
Шоуто кое секоја година го привлекува вниманието на јавноста поради бројните домашни и регионални гости од светот на музиката, актерството, спортот и културата, препознатливо е и по уникатниот хумор и сатара.
Снимката од последното издание ќе се емитува во недела, на 3. март во 19.30 часот на ТВ Канал 5, информираат од организацијата.
Годинава помеѓу наградените се најдоа Драган Мијалковски, Владо Јаневски, ДНК и Врчак, Александар и Дац, Сергеј Димовски, Нино Величковски, Рамбо Амадеус и други.
Вики Клинчарова