Златко Ориѓански поставен за директор на македонскиот КИЦ во Тирана

by fokus

Музичарот Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на новиот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана, реши Владата на синоќешната седница.

Оваа институција се формира по потпишаната Спогодба меѓу македонската Влада и Советот на министри на Р. Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје.

„Двете институции се формираат за да организираат во своите простории библиотеки и читални, да издаваат или увезуваат публикации кои се однесуваат на културните и научните информации од својата земја. Исто така, ќе прикажуваат филмови во и надвор од своите простории, со посредство на институциите во земјата домаќин, ќе организираат литературни, научни и други предавања проследени со визуелни илустрации или музички изведби и ќе организираат во своите простории секаков вид изложби“, информираат од Министерство за култура.

Поврзани новости