Арсовска побара одговори на повеќе прашања од Мицкоски:Дали тајно се среќава со Ковачевски?

by Fokus

Градоначалничката Данела Арсовска во својата реакција не им остана должна ниту на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои меѓусебно се обвинуваат за состојбата во главниот град.

Арсовска ги повикува ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на неколку прашања:

„Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски Ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?

Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржувањето и чистењето во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?
Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?

Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?

Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?
Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?

Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен, речиси криминален договор со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП, и дали е точно дека од овој бизнис се делат и провизии?“

ВМРО ДПМНЕ експресно и одговори на Арсовска.

Очаен човек прави очајни чекори, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешната реакција на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска околу блокадите на главниот град

„Денес требаше Арсовска да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже. На сите прашања што се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е НЕ. Е сега кога сме кај прашањата: Дали на средбата Арсовска Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст? Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има. Од Костовски, преку Трајновски до Шилегов. И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости