Ѕинго, два дена пред избори, ќарил тендер од 30 милиони евра

by fokus

Фирмата „Силекс неметали“ од Кратово го доби тендерот вреден 30.570.000 евра од Министерството за земјоделство за изградба на браната “Речани” на Оризарска река во кочанскиот крај, пишува НОВАТВ.

Договорот е објавен денеска на интернет страната на Јавни набавки, а е склучен во екот на изборната кампања на 9 декември. На тендерот се јавиле три фирми, а избрана е токму „Силекс неметали“.

Оваа компанија е фирма ќерка на „Рик Силекс“, каде мнозински сопственик е политичарот и бизнисменот Љубисав Иванов – Ѕинго. Тој е долгогодишен претседател на Социјалистичката партија, а министерот за земјоделство Михаил Цветков доаѓа од истата партија.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Поврзани новости