Зијадин Села ги доби печатите од Алијанса за Албанците

by Fokus

Основниот суд во Тетово денеска донесе одлука во врска со случајот печатите на Алијанса за Албанците да му припаднат на Зијадин Села, ова е втор пат судот да пресуди во корист на Зијадин Села против Арбен Таравари кој тврдеше дека е правен застапник на партијата.

Во септември, од тимот на Таравари од АА информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.

– Алијансата за Албанците се враќа во рацете на Албанците. Зијадин Села, легален и легитимен претседател. Честитки до секој член на нашето големо семејство, објави пратеникот Елми Азири на социјалните мрежи.

Поврзани новости