Зибери: Заев и Мицкоски немаат право да бараат пратеник повеќе за формирање на Влада

by Fokus

Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка, туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна во своето гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ, предлог мандатарот на ДУИ, Насер Зибери.

„Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на залагање на тоа јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори но неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец“, смета Зибери.

Тој додаде дека важно е ДУИ да биде дел од идната коалиција и треба да се почитува волјата на граѓанинот.

„Можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или десно кон лево, мислам дека би било најлошата услуга која може да ѝ се случи на државата. Треба да се испочитува волјата на граѓанинот и нема право ни Заев, ни Мицкоски, ни Ахмети да тргува. Нема право да бараат Заев и Мицкоски пратеник повеќе за да може да формира влада. Треба да се почитува и начелото победник со победник“, додава Зибери.

Поврзани новости