Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, во синоќешното гостување во „Топ Тема“ на Телма ТВ откри дека 90 проценти од заболените во главниот град се од 15 фамилии.
-Во Скопје имаме 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од бројот на новозаболени во градот. Но ситуацијата ја имаме под контрола, ги знаеме каде се, рече Зибери.
Тој рече и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Скопје во моментов има 396 активни случаи. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 987 од кои 37 починале, а 554 се излекувале.
Скопје е еден од градовите кои од вечерва од 21 часот ќе бидат во карантин до понеделник наутро до 5 часот.