585
Поранешниот пратеник Насер Зибери смета дека иницијативата од страна на СДСМ за повторно свикување на веќе распуштеното Собрание не е издржана доколку не се обезбеди поддршка од 80 пратеници.
-Предлагање за свикување седница со ваква точка на дневен ред не е многу паметно, без притоа да се обезбеди потребното мнозинство кое впрочем ќе ги носи одлуките, а според член 125 значи одлуките Собранието може да ги потврди доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, што во случајот по се изгледа дека го немаат – рече Зибери во Топ Тема на Телма.