Зибери смета дека имало пречекорување на овластувањата на полицајците при претресот во затворот Идризово

by Fokus

Народниот правобранител Насер Зибери вели дека при постапувањето на полициските службеници за време на претресот во затворот „Идризово“ има нерегуларности.

„Заврши процесот на обработка на видео записите кои ги добивме. Извештајот ќе го дадеме. За жал има елементи на повреда на правата, во смисла на пречекорување на овластувањата на припадниците на МВР. Не сум сигурен дали тоа е единствената причина. Јас гледам од перспектива на заштита на правата на затворениците. Како е дојдено зошто е дојдено, дали е добро организирано треба да дадат одговор а ние веќе се обративме кон надлежните служби за да добиеме целосна слика за акцијата“ – рече Зибери.

За овој случај извештајот е готов и ќе биде објавен наскоро.

Инцидентот се случи пред околу две недели, кога полициски службеници извршија вонреден претрес, при што кај затворениците беа откриени голем број на мобилни телефони, ножеви и дрога.

Поврзани новости