Зибери се сомнева дека Владата го опструира

by Fokus

Лошите услови низ затворите, зголемувањето на бројот на затворениците, здравствената заштита на затворениците, нивната едукација и ресоцијализација, бројните претставки од родители кои се принудени на нивните деца да им купуваат таблети за на училиште, поскапувањето на струјата и паушалните сметки на ЕВН, правата на децата со попреченост, проблеми во Граѓанскиот суд проблеми со извршители, се најчестите поплаки кои граѓаните ги доставиле до Народниот правобранител, кој во 2021 година постапил по 3.075 предмети.

Во 755 предмети констатирал повреда на човековите слободи и права. Од нив во 232 случаи реагирале надлежните институциите, по претходна реакција на Народниот правобранител, а останатите се подобриле. Зибери побара од Владата да ги спроведува мерките кои произлегуваат од препораките на Народниот правобранител, а не како изминативе две години, кога ниту еднаш не поднела извештај за спроведување на мерките. Зибери побара да се исполнат условите за дејноста на Омбудсманот.

Народниот правобранител како најодговорна институција за соработка го издвои Министерството за здравство. Зибери вели дека ќе покрене иницијатива за промена на Законот за облигациони односи.

Поврзани новости