Насер Зибери – народниот правобранител денеска пред пратениците го презентираше извештајот за работата за минатата 2022 година година.
Бројот на поднесените претставки од граѓаните до оваа институција е зголемен за речиси 20% во однос на претходната година.
Граѓаните најмногу се жалеле на постапките за извршување, за вработување, за исплатата на плати и други надоместоци, за повреда на нивните права како потрошувачи, за проблемите кои ги имаат при наплатата на даноците, денационализацијата, за работата на полицијата, за повреда на правата во постапките од имотно-правните односи, во постапките поврзани со урбанизмот, домувањето…
-Статистиката покажува дека во извештајната 2022 година беа примени и заведени 3.209 преставки, а 273 предмети беа пренесени од претходната година или вкупно постапено е по 3.482 предмета. Бројката на примени преставки претставува зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година што е очекувано со оглед на фактот што состојбата по пандемијата се стабилизираше и сите институции вклучувајќи го и народниот правобранител работеа во полн капацитет и во однос на време и во однос на бројот на вработените – рече Зибери.
Од вкупниот број на поднесени претставки постапка е покрената по 2.173 додека за 737 поради надлежноста истата не беше покрената.
Од покренатите постапки во 683 случаи народниот правобранител констатираше повреда на човековите права и постапувал во целост.
Од вкупно 3.209 претставки заведени во 2022 година најголем број или 1.344 или 41,85 се однесуваат на повреда на правата вод страна на јавните служби и установи.
-Најголемиот број на примени и заведени преставки се однесуваат за заштита за правата од областа на правосудството – рече Зибери.
Правобранителот Зибери потенцира дека најмногу загрижува податокот за најмногу повреди кај децата, а правобранителството утврдило натежок облик на дискриминација односно сегрегација во две училишта во Битола и во Штип.