Зибери: И по цена да не станам премиер, нема да отстапам од евроатлантската ориентација

by Frosina Fakova

Дури и да не станам премиер, нема да отстапам од евроатлантската ориентација на земјава, вели Насер Зибери, кој е предлог на ДУИ за премиер Албанец, во интервју за Слободен печат.

Тој не одговара прецизно на прашањето која од двете најголеми партии би му била поприфатлива за коалицирање – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека не отстапува од Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

– Поборник сум на политиката што не го храни етничкото его кај една нација или партија и секоја политика што го инструментализира овој чин за политички интереси за мене е неприфатлива. Второ, кооперативноста треба да се гради врз основа на принципи. Еден од нив е дека евроатлантската ориентација на земјата не треба да се доведе во прашање и инструментите што водат кон тоа не треба да бидат загрозени во ниеден момент. Конкретно – Преспанскиот и Договорот со Бугарија, зашто тоа се гаранции што ни ги отвораат вратите за да одиме напред. Овие принципи ќе ги бранам ако се преговара за создавање парламентарно мнозинство. Охридскиот рамковен договор е капитален за внатрешните односи и тој не смее да биде доведен во прашање. Нема цена што може да ме измести од овие постулати. Дури и да не станам премиер.

Поврзани новости