Зибери: Добра вест е што секој заболен бил во контакт со веќе потврден случај

by Фокус

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери вели дека има заболени во речиси сите скопски општини, но, според него, добра вест е тоа што сите се поврзани со некој претходно потврден случај.

-На пример, имаше дури 20 случаи од едно исто семејство во Сингелиќ, вчера имавме девет од исто семејство во Чаир. Имаме од сите општини, но добрата вест е, јас би рекол, тоа што сите се веќе поврзани со некој претходно дијагностициран којшто е позитивен. Значи, сите се нивни контакти – рече Зибери за Топ Тема.

Поврзани новости