774
По вчерашниот упад на полицијата во ноќниот клуб „Сектор“, поддржувачите на социјалните мрежи се организираат за нова журка која ќе се одржи, како што најавуваат следната сабота.
Саркастично и мајтапџиски за следниот викенд се најавува журката „Рација“, а ќе настапи DJ Оли, или т.н. надимак на министерот Оливер Спасовски. Како специјален гостин е најавена специјалната единица ЕБР и како цреша на шлагот стои дека настанот е поддржан од МВР.
Организатор на журката е Мај Тап, а истата ќе трае од 23 до 03.00 часот, односно периодот додеа траеше синоќешната рација на полицијата низ ноќните локали. На овој начин фејсбук заедницата се мајтапи со полициската акција во која беа приведени неколку лица и уапсен сопственикот на „Сектор“.