Фудбалерите на актуелниот шампион Реал Мадрид ќе играат во плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, одлучи денеска ждрепката во Нион.
Во првиот натпревар Сити ќе му гостува на Реал.
Неделава се комплетираше групната фаза од Лигата на шампионите, која од оваа сезона се играше по нов формат со 36 екипи по единствена табела.
Првите осум екипи директно се пласираа во осминафиналето, а во плејофот се пласираните од деветтото до 24-тото место. Останатите тимови ги завршија европските натпреварувања оваа сезона.
Двојки за плеј-офот во Лигата на шампионите:
Бриж – Аталанта
Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Јувентус – ПСВ
Феенорд – Милан
Брест – Пари Сен Жермен
Монако – Бенфика
Првите натпревари од плеј-офот ќе се играат на 11 и 12 февруари, а реваншите се седум дена подоцна.
Во осминафиналето победниците од дуелот Брест-Пари Сен Жермен и Монако-Бенфика ќе играат против Барселона или Ливерпул.
Победниците Бриж-Аталанта и Спортинг Лисабон-Борусија Дортмунд во осминафиналето ќе играат против Лил или Астон Вила.
Најдобриот од дуелите Манчестер Сити-Реал Мадрид и Селтик-Баерн Минхен во осминафиналето ќе игра против Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен.
Победниците од дуелите Јувентус-ПСВ и Феенорд-Милан ќе играат во осминафиналето против Интер или Арсенал.
Натпреварите од осминафиналето се закажани за 4 и 5 март, а реваншите седум дена подоцна.