Жозе Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија и Англија

by Fokus

Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо изјави дека ги одбил понудите да биде селектор на Португалија и Англија, пренесува британски Сан.

Мурињо моментно е надвор од терените, бидејќи пред еден месец доби отказ од Рома.

Португалскиот тренер во разговор со поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд откри дека имал многу добри понуди во изминатите неколку години.

„Одбив неколку одлични понуди за работа. Едната беше таа што беше многу, многу тешко да се одбие, а тоа беше понудата на Португалија. Можев да бидам нивни тренер, но можев да бидам и ваш тренер “– му рекол Мурињо на Фердинанд, а потоа додал:

„Да, да, понудата беше таму, на маса“.

Две и пол години беше менаџер на Манчестер Јунајтед.

„Ја сакав својата работа, но мислам дека медиумите не ми помогнаа додека бев менаџер на Манчестер Јунајтед“ – изјави Мурињо.

Мурињо (61) во својата кариера беше тренер на Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

 

Поврзани новости