Жозе Мурињо ги истетовира освоените трофеи

by Фокус

Пуртугалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо одлучи да направи тетоважа, а изборот падна на трите трофеи кои досега единствено тој успеа да ги обедини.

На тетоважата на раката на португалскиот тренер се наоѓаат пехарот од Лигата на шампионите, од Лига Европа и од Лигата на конференции, три натпреварувања кои Мурињо ги освои како тренер, станувајќи единствен што го постигнал тоа во историјата на фудбалот.

Пехарите ги содржат и боите на клубовите со кои Мурињо ги освои трофеите, па така тетоважата е уште поуникатна.

Поврзани новости