509
Најмалку 30 демонстранти се приведени во Париз за време на денешните протести на „Жолтите елеци“.
Француската полиција употребила солзавец против демонстрантите на железничката станица „ Сан Лазар“. Првите апсења се случиле на плоштадот „Медлин“ наведе „Спутниик“.
Протестите на „Жолтите елеци“ во градовите низ Франција започнаа лани во ноември по одлуката за зголемување на данокот за горива. Иако француската влада подоцна ги отфрли плановите за зголемување на данокот, протестите продолжија, секој викенд граѓаните го изразуваа своето незадоволство од политиките на Владата.