Хрватскиот музичар Петар Грашо чека принова со 14 години помладата девојка Хана Хуљиќ. Хана, која била во 12 недела од бременоста ја потврдила веста за хрватските медиуми.
-Информацијата е точна, среќни сме и возбудени. Друго не би коментирала, сакам некои работи да останат наша приватност – изјавила таа.
Парот е еден од најкоментираните во регионот изминативе неколку месеци, односно откако есенва се дозна за нивната врска.
Инаку, Петар ја познавал Хана уште додека била дете, бидејќи е добар пријател и соработник со нејзините родители- музичарот Тончи и неговата сопруга Вјекослава.
Пред врската со Хана, тој помина 24 години заедно со поп пејачката Данијела Мартиновиќ, која го запознала со семејството Хуљиќ. Хана пак, беше во врска со пијанистот Томислав Шошиќ.
Неодамна во Хрватска се објавија фотографии од заедничка прошетка на Грашо со Хана и нејзината мајка. За тамошните медиуми тој изјави дека е одличен пријател со нејзините родители, а врската со нивната ќерка воопшто не влијаела врз нивното пријателство и професионална соработка.
Вики Клинчарова