Жена од Мериленд е обвинета дека ја убила својата мајка, а потоа и го распарчила телото со моторна пила и го запалила за да се ослободи од доказите, со помош на својата ќерка.
На сѐ наводно претходела расправија за кредитна картичка.
Маргарет Крег (71) била мртва повеќе од една недела кога полицијата ги открила деловите од нејзиното тело во подрумот на семејната куќа.
– Кога полицајците се симнаа во подрумот, веднаш почувствуваа мирис на распаѓање – наведуваат од локалната полиција.
Инспекторите веруваат дека ќерката ја убила мајка си на 23 мај. Осомничената Кендис Крег (44) ден подоцна ѝ се јавила на својата деветнаесетгодишна ќерка Салија Харди, внука на убиената жена за да ѝ помогне да го распарчи телото.
Во подрумот полицијата најпрвин пронашла крв, а потоа ткиво во три бели пластични кеси за ѓубре. Пронашле и нож, како и моторна пила и средства за чистење.
Внуката на несреќната жена на рочиштето изјавила дека нејзината мајка и баба се скарале поради кредитна картичка. Бабата наводно се заканувала дека ќе пријави сѐ во полиција, па тогаш расправијата прераснала во убиство.
Салија изјавила дека телото на нејзината баба го пронашла во сината када во нејзината спална соба.
Следниот ден, мајката и ќерката се обиделе да се ослободат од телото. Мајката е обвинета за убиство, а ќерката за помагање во делото.