Живковиќ потенцијален министер за труд: Ковачевски ќе одлучи

by fokus

Специјалниот советник на премиерот Зоран Заев за труд и социјална политика, Милан Живковиќ се споменува како нов министер за труд и социјална политика. Тој во изјава за „Фокус“ вели дека она што ќе биде конечно е одлуката на новиот мандатар Димитар Ковачевски и Централниот одбор на СДСМ.

Информацијата што е излезена во јавност е добиена преку одредени интернет портали и ТВ вести – она што ќе е валидно и конечно е одлуката на новиот мандатар Ковачевски, заедно со раководството и Централниот одбор на СДСМ. Ваквите непотврдени информации не се фер ниту према сегашниот премиер, ниту новиот мандатар, вели Живковиќ за „Фокус“.

Во однос на тоа која е неговата визија, доколку би бил министер, вели дека тоа е намалување на сиромаштијата и подигнување на стандардот на работниците.

Визијата е заедничка: преку инклузивен пристап да дојдеме до решенија кои ќе ја намалат сиромаштијата, ќе го подигнат стандардот на сите наши граѓани и граѓанки (односно работнички и работници), ќе ги поддржат работодавачите кои претпочитаат пристојни услови за работа, ќе ја зголемат еднаквоста и ќе промовираат заедништво и солидарност – сето она што е и во заложбите на новиот мандатар (секако, истото е веќе во владината програма и во визијата на сегашниот премиер Заев), смета Живковиќ.

Како што вчера објави „Фокус“, сознанијата говорат дека не се исклучува можноста промена да има во Министерството за труд и социјална политика, кое сега го води Јагода Шахпаска. 

За останатите министерски места прочитајте во текстот подолу.

Спасовски останува, Маричиќ и Николовски ротираат, кој ќе влезе во новата влада?

К.С.Б.

 

Поврзани новости