Живко Мукаетов стана дел од друштвото млади глобални лидери

by Фокус

Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“, стана дел од светското елитно друштво на Млади глобални лидери, чија главна цел е со заеднички напори и залагања да го направат светот подобро место за живеење.

Како единствен претставник од Македонија во Класата 2014, пред да се стекне со престижната титула Млад глобален лидер, Мукаетов го поминал исклучително комплексниот, ригорозен процес на селекција кој се состои од неколку фази.

Покрај него, член на Форумот на млади глобални лидери од земјава е и Фатмир Бесими, кој дел од ова друштво стана во 2010 година, како тогашен министер за економија на Македонија.

„Младите глобални лидери не се единствено исклучителни луѓе сами по себе, туку тие се лидери кои веќе имаат постигнато добри резултати во подобрувањето на состојбите во светот. Им посакуваме добредојде на членовите на Класата 2014 во нашата заедница и со нетрпение го очекуваме нивниот колективен ангажман, кој се надеваме, ќе резултира со промени кои ќе имаат глобално значење во вистинска смисла на зборот“, истакна, според официјалното соопштение од „Алкалоид“, Дејвид Ајкман, главен извршен директор на „Новите шампиони“ во рамки на Светскиот економски форум.

Форумот на млади глобални лидери е основан во 2004 година од страна на Клаус Шваб, како независна фондација за тесна соработка со Светскиот економски форум. Друштвото на Млади глобални лидери од основањето до денес ширум светот брои над 900 членови а меѓу познатите млади глобални лидери во светски рамки се вбројуваат:

Мариса Маер – главен извршен директор на „Јаху“, Лари Пејџ – коосновач и главен извршен директор на „Гугл“, Чо Шун – актерка и амбасадорка на добрата волја (Програма за развој на Обединетите Нации), Насоко Јамазаки – јапонски космонаут и специјалист на мисијата во посадата на „СТС-Дискавери“.

Поврзани новости