693
На денешната прес конференција кај ОУ „Јоаким Крчоски“ во населбата Волково, премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски беа јавно критикувани од една повозрасна жителка на Волково.
Изјава Заев
Publiée par MИА.mk sur Jeudi 5 décembre 2019
„Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече таа.