Жителите на Слупчане отвориле трансформатор за да се приклучат на диво, три села во Липковско се без струја

by Fokus

Мештани на липковско Слупчане ноќва обиле енергетски објект во селото во обид нелегално сами да си приклучат струја, но предизвикале прекини во санбдувањето и во други села.

Информацијата утринава ја потврдија од компанијата ЕВН, од каде велат дека лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици, информираат од компанијата.

Од Електродистрибуција и денеска се со ист став – мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

– Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цвртсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат, стои во соопштението од компанијата.

 

Поврзани новости