494
Околу 200 селани го блокирале влезот на селото Слупчане и не им дозволиле на екипите на ЕВН да почнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.
Екипите на ЕВН добиле закани по живот во кумановското село, по што морале да си заминат, а компанијата ќе го информира Министерството за внатрешни работи (МВР) за инцидентот.
Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа, информираат од ЕВН.