|Жителите на село Слупчане на екипите на ЕВН им дозволија да влезат во селото, да ги отсрната дефектите и да направат надградба на електродистрибутивната мрежа. Ова се случи по разговорот на министерот за економија Крешник Бектеши со градоначалникот на Општина Липково. Граѓаните мирно набљудуваат додека екипите на ЕВН работеа на мрежата и ја пуштија струјата.
Во обид сами да го средат дефектот жители на Слупчане предизвикаа поголем дефект и без струја останаа селата Оризаре, Ваксинце и Лојане.
Синоќа тие го блокираа главниот пат, кој води до селото и ги спречија екипите на ЕВН да интервенираат.
Кражбите на електрична енергија во ова село се огромни и на годишно ниво се пресметуваат во милионски суми, а наплатата е само 20%.
Министерот Бектеши изјави дека сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија.
„Електрична енергија треба да се плаќа секаде и плаќа секој, тоа мора да го спроведеме и во Арачиново и во Липково“, изјави , рече Бектеши.
Тој потсети дека врз основа на Законот за енергетика и надлежното министерство се вклучени во запирање на кражбите на струја.