Жителите на Слупчане и ЕВН на средба во Липково

by fokus

Претставници од компанијата „ЕВН“ и жителите од Слупчане седнаа на состанок во Липково.

На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот.

По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули. Од ЕВН тогаш кажаа дека поголем процент од домаќинствата во Слупчане не плаќаат струја.

Жителите имаа повеќе барања, меѓу нив и да не плаќаат енормно високи сметки. Според последните информации, ЕВН треба да почне да ја реконструира мрежата на 9 август годинава.

Поврзани новости