Општина Берово која беше погодена од силните пожари ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети предизвикани од пожарот која ја зафати територијата на општината од шести до 11-ти август 2021 година, да ја пријават штетата на своите култури и добра до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово.
-Пријавувањето на штета од пожарот – пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на општина Берово или може да се преземе на од веб страната на berovo.gov.mk .
Покрај барањето секој барател треба да достави:
-копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
-копија од трансакциска сметка;
-доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копија од имотен лист; копија од договор за закуп ).
-Пријава(на архива или од веб страна)
-Изјава за штети(на архива или од веб страна)
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 03.09.2021 година – информираат од општината.
Вики Клинчарова