892
Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање рече дека и до него стигнувале информации дека граѓани кои се вратиле од Италија и живеат во скопско Сингелиќ, бегале од прозор кога медицински екипи дошле да проверат по пријава од соседите. Новинарката посочи дека медицинарите ги чекале два часа да се вратат, но ги намало, по што, му потенцираше на министерот дека вакви случаи имало и во струшки села, но и скопско Лисиче.
„И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, прво на локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи, за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион. Октиси, Лабуништа и тн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината“, рече Филипче.