Жители на Хром најавуваат блокади, се противат на изградбата на висококатници во населбата

by Fokus

Жители на Хром се противат на изградбата на згради во населбата. Од иницијативата „Стоп за урбаното дивеење во Ѓорче Петров“ најавија протест и и блокада на улиците во недела, бидејќи досегашните средби со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не го дале посакуваниот резултат.

-Урбаната мафија е толку силно вмрежана и вгнездена во институциите и тие што ги водат, за да секое барање заврши во лавиринт и топката се префрлува од едно на друго место без конечен епилог. Хром се претвори во непрепознатлива населба, слична на Дебар Маало. Се создаде огромен “кинески ѕид” од згради долж главната улица, чии инвеститори се однесуваат дрско и насилно, велат од иницијативата.

Од граѓанската иницијатива реагираат дека општината и инспекторите не постапуваат по нивните апели, а урбанистичкиот план како што тврдат дозволува изградба на згради на секое ќоше.

Дел од жителите на наслебата и претходно протестираа и ги блокираа улиците, а градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски тогаш изјави дека протестите се политички, бидејќи ДУП-овите се донесени уште пред да дојде новата локална власт. Тој порача и оти јадрото на Ѓорче Петров мора да се развива, а уверуваше дека паркот и зеленилото во Општината се заштитени.

Поврзани новости