Министерството за внатрешни работи соопшти декапротив лице од беровоското село Владимирово ќе следува пријава поради незаконска сеча на дрва од шумска парцела во државна сопственост.
„Вчера полициски службеници од ОВР Берово, по преземени мерки за откривање на незаконита сеча на дрва во содејство со вработени од Јавното претпријатие Национални шуми ‘Малешево’ Берово, на место викано .’Каменица’ атар на с ело Владимирово, беровско, во шумска парцела во државна сопственост го затекнале З.Г.(48) од с.Владимирово како незаконито вршел сеча и утовар во приколка на огревно дрво“, соопшти МВР.
Полицијата информираше дека З.Г. го напуштил местото, а приколката и дрвата биле одземени и предадени на вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Малешево-Берово на понатамошна постапка.
„По комплетирање на случајот против З.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.