Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека синоќа околу 22 часот жител на тетовското село Вратница, Општина Јегуновце, го изгубил животот по излетување од пат со четирицикл.
Педесет и осумгодишникот починал од здобиените повреди на местото на несреќата.
– На 02.08.2022 во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото исвршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, информираат од СВР Тетово.
Од тетовската полиција информираа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.