Жител на тетовското село Порој доби кривична пријава за изнуда

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на жител на село порој му е поднесена кривична пријава за изнуда, бидејќи заедно со други лица се заканувале на работници во неговата фабрика.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(61) од село Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 04.04.2023 во фабрика на пријавениот, на 44-годишен скопјанец телефонски му биле упатени закани, а неколку лица упатиле закани на неколку работници од Скопје кои извршувале работни задачи во фабриката“, соопшти МВР.

Поврзани новости