Жител на струмичко Моноспитово удри со автомобилот во малолетен пешак од село Дабиле

by Fokus

МВР информира дека вчера било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с. Дабиле, Струмичко, патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с. Моноспитово, Струмичко, удрило во малолетен пешак од с. Дабиле.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица.

Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.

Поврзани новости