535
Триесет и тригодишен жител на росоманското село Манастирец пукал синоќа во баба си, жената се наоѓа во кавадаречката болница и за среќа не е во животозагрозувачка состојба.
Доктор Ратко Грков од Брза помош Кавадарци потврди за МИА дека интервенирале на местото на настанот и поради повредите, ја пренеле жената во болница.
Хирургот Благој Митев, кој синоќа бил дежурен во болницата во Кавадарци, за МИА соопшти дека жената е задржана на хируршкото одделение.
-Има три метални предмети во горниот дел на екстремитетот. Ќе се интервенира хируршки, за да се извадат. Кога ќе се извадат, ќе се види за што точно се работи, појасни тој.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски најави официјална информација за подоцна во текот на денот.