МВР информира дека вчера полицајци ги лишиле од слобода Ж.М.(48) од село Куклиш, Струмичко и Л.М.(46) од Струмица.
Ж.М. се сомничи дека на 21.12.2023 извршил тешка кражба во куќа во село Куклиш, Струмичко, од која одзел метален сеф во кој имало пари, златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети.
При претрес на Ж.М. биле пронајдени дел од одземените пари, а во службениот разговор тој го признал делото, по што го посочил и местото каде го фрлил металниот сеф.
Л.М. се сомничи дека му помогнал на Ж.М. да прикрие предмети кои ги одзел при кражбата, односно при претрес на дом и други простории сопственост на Л.М., извршен со судска наредба, во дворното место била пронајдена закопана тегла во која биле дел од украдените предмети.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.