Жител на село Блаце уапсен за криумчарење близу границата со Косово

by Fokus

Полицијата ноќеска привела жител на село Блаце во близина на границата со Косово и ќе му биде поднесена пријава за криумчарење, бидејќи истоварал кутии за кои немал соодветна документација.

-Денеска  20 минути по полноќ кај место викано Дупки во близина на државната граница со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода И.А.(42) од с.Блаце, општина Чучер Сандево, соопшти МВР.

Од МВР велат дека тој бил забележан како од патничко возило мерцедес, со скопски регистарски ознаки, врши истовар на кутии.

-По извршена контрола во возилото било констатирано дека во возилото има поголема количина различни производи за кои не поседува документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

 

Поврзани новости