Жител на Росоман казнет со 2.500 евра бидејќи одбил да потпише изјава за самоизолација, иако се враќал од Германија

by fokus

Со 2.500 евра е казнед жител на Росоман, кој на влезот во државата одбил да потпише изјава за самоизолација, иако доаѓал од Германија. Пресудата ја донесе Основниот суд Кавадарци.

Инаку, предлогот за издавање казнен налог беше против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено, тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривичната постапка, му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби“, соопштија денеска од Обвинителството.

Поврзани новости