Жител на Кочани во повеќе наврати крадел пари од сопствениот брат

by Fokus

Жител на Кочани доби кривична пријава затоа што во повеќе наврати извлекувал пари од картичката на неговиот брат, велат од МВР.

„ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.К.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот во повеќе наврати во месец март 2021 противправно ја присвоил дебитната картичка на неговиот брат и во осум наврати од банкомати подигнал вкупно 55.000 денари“, информираат од МВР.

Поврзани новости