Жител на Кочани ги пуштил свињите на отворено и добил кривична пријава

by Fokus

Жител на Кочани доби кривична пријава од полицијата поради сомнеж дека сторил кривично дело „пренесување заразна болест“, велат од МВР.

„Лицето на 30 јули, за да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во село Цера, ги пренел во село Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите“, информираат од МВР.

Поврзани новости