Жител на Кочани доби кривична пријава од полицијата поради сомнеж дека сторил кривично дело „пренесување заразна болест“, велат од МВР.
„Лицето на 30 јули, за да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во село Цера, ги пренел во село Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите“, информираат од МВР.