364
Во текот на вчерашниот ден, 33-годишен жител на Кочани упатувал сериозни закани кон вработени во градинка, па потоа и физички ги нападнал.
„На 08.02.2019 година во 12.00 часот во ПС Кочани Љ.Л.(31) од Кочани вработена во Јавна општинска установа детска градинка на ул.„9 Мај“ во Кочани пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот, додека била на работа О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.