Жител на Демир Капија убил мече па се „пофалил“ на Фејсбук

by fokus

Здружението за заштите на животните „Анима Мунди“ жестоко реагираше на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии од извесен Јашко Садиков.

Овој жител на Демир Капија со пушка се сликал со усмртено мече, кое е заштитено со закон. Од Анима Мунди побараа одговорност за сторителот на ова дело.

„Животните немаат мир ниту на улица ниту во дивина, насилството врз животните е карактеристика на Македонија во секој сегмент! Граѓани ни испратија фотографија од извесен Јашко Садиков

јавно на фејсбук се сликал со убиено мече и се фали со отстрелот и смртта на младо и со закон строго заштитено диво животно. Лицето застрелало мече, кое – по фотографијата е очигледно- не е ни постаро од 3,4 месеци. Да ужива во вакво нешто може само садист и психопат.
Бараме итна интервенција од службите – МВР, Ловниот инспекторат и АХВ согласно повеќе закони (Кривичен Законик, Закон за ловство, Закон за заштита и благосостојба на животните) и најстрога казна – казна затвор за сторителот!“, порачаа Анима Мунди.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=652757925123725&set=ecnf.100011685697790&type=3&theater

Поврзани новости