5
МВР информира дека на 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бесознание.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија.
Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.