Жител на Демир Капија обвинет за ширење омраза на социјалните мрежи кон ЛГБТИ-заедницата

by Fokus

Жител на Демир Капија е обвинет за ширење на расистички и ксенофобични коментари на социјалните мрежи кон ЛГБТ заедницата, соопшти денеска Јавното обвинителство.

„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик“, соопштија од ОЈО.

Оттаму велат дека обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

„Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата“, велат од Обвинителство.

 

Поврзани новости